Ненад Јовановиќ: Македонија – земја напикана во џебот на Груевски

Систем на владеење, зачинет со претерано воодушевување кон пастирот  – што е клиничка слика на идиотизмот – овозможи сите наши катастрофи во оваа деценија да се прогласат за триумф

Се’ во оваа земја е поврзано за џебот. Груевски управува(ше) со земјата како се’ да беше (и како се’ уште да е) во неговиот џеб; Македонија се претвори во џебно издание. Според процениките на опозицијата, самиот режим, од нас, граѓаните, има испумпано по неколку милијарди во своите џебови; на крајот, Бог на сиромашните граѓани им овозможи, ако веќе имаат дупка во џебот, да се занимаваат со својата беда истражувајќи – со право! – како Груевизмот извлече милијарди евра од нас, граѓаните.

Кажете ми сега, во која земја – не’ рачунајќи ги земјите во кои се јадат инсекти, змии и луѓе – нација која е во состојба како македонската, дали нејзините граѓани треба гласно да размислат и да го постават гласно прашањето: зошто пропаднавме, каде да тргнеме, што е нашата цел и како треба да бидеме водени? Само ние, Македонците, одиме со заврзани очи во земја која претставува европска мрачна комора која низ гробна тишина го плаќа својот арач на груевистичката класа која веќе цела деценија трудејќи се да совлада памет како се водат државни и национални интереси за општ интерес. Кога во комбинација од партиски пучирања ги менуваат законите како ќе им налага дневниот интерес, па потоа удираат против Зоран Заев и опозицијата во целост, како и кон неизбежните „соросоиди“, тоа значи дека фрлаат димна завеса низ која ќе можат без проблем и непречено да ги крадат парите на граѓаните од нивните јавни фондови трпајќи си ги во џебовите, тој  Груевски и’ таа фамилијарна клика. Кога добро ќе испокрадат, ќе излезат со сооштение за „транзицијата во Македонија“, што представува друго име и маска за нивна лична и колективна пљачка. Со таквиот табиет сфатен како јавна работа, Груевски на граѓаните им го одзеде местото во светот, им ги одзеде болниците, лековите, платите, пензиите, заштедите, достоинството, видот, слухот и јазикот, верувањата, го сруши универзитетот, ги испогани сојузниците од втората светска војна, ја уби надежта, радоста и насмевката.

Само така поделена и економски уништена земја би можела без ерупција да го прифати основното национално прашање – како треба со Македонија да се управува? Само така понижени македонци без бунт можат да живеат, како во предмодерни времиња, молчејќи дење, а навечер мирно спиејќи во пркос на секојдневните погледи низ прозор во кој се гледа глад, статус на киднапирани луѓе од режимот, живот без иднина.

Овој режим не ја смести Македонија пред македонските граѓани, затоа што секоја нормална политика, а теоријата ми се чини и тоа го разреши, што претставува авторизација на иднината. Ако тоа е точно, како владеачките груевистички пирати го гледаат просечниот нивни гласач? Тоа, според нив е, глупаво неписмено створење збиено во стадо; тоа е лесноумна, плашлива и заводлива креатура; тоа е овчичка во риги, босо, гладно човече кое не’ зборува, не’ гледа и не’ слуша, верно на Божеството кое го убедува дека нашето „стадо“ е најголемо, најхрабро, најстаро и најсреќно. Тоа што посреде стојат шака од предавници, „сороспии“ кои тврдат како не сме најбогат и најпримерен народ во Европа, тоа е нивна дневна доза, храна за секојдневно глодање, додека бутот го ждере врхушката.

Систем на владеење, зачинет со претерано воодушевување – што е кличничка слика на идиотизмот – овозможи сите наши катастрофи во оваа деценија да се прогласат за триумф. А со помош на порамнетото мнозинство, што е друго име за верификувано просташтво, лумпен интелегенција и перманентна национална литургија, груевистичкото „мнозинство“ (лажно, се разбира!) ќе прифати да го работи она што секој еден нормален граѓанин ни на сон нема да помисли, а камо ли да го работи – да биде параван за пљачка на мала група бедници. Заради тоа, на „врамената груевистичка толпа“ им се фрлаат во грло лесни цели, големи зборови и гигантски фатаморгани. Врамено, порамнето срце, тело и дух, направи образец за омраза, образец за несреќа, образец на национална несвестица прекинувано со национално беснило. Така македонците, низ перманентна и долготрајна политичка меланхолија, се трансформирани да останат во состојба на акутна депресија.

Но, стигнува време за надеж. Груевски ќе биде развластен. Слушам “како“? Го чека дерби против своите некогашни верници. Изненадени? Немојте. Тоа се сите оние луѓе кои ги слушаа неговите наредби изминатава декада, оние кои влегуваа во оган, оние кои се симнуваа во гроб, или во него испраќаа други луѓе, тоа се оние кои во него видоа религиски мотив на сопствениот ангажман, оние кои веруваа во неговата месијанска мисија, во неговото ветување дека македонските маки имаат рок на траење и’ дека после тоа, оваа земја за нив ќе биде Рај, а тие анѓели кои сите гревови ќе им бидат простени.

Секој град во Македонија има, или ќе има во деновите кои ќе доаѓаат, свој локален јунак кој ќе се обиде да стане јунак на „кристалното груевистичко мнозинство“. Од вселената, Македонија изгледа како марамче од десетина искри кои се закануваат дека партијата ДПМНЕ ќе ја претворат во пожар. Тие јунаци ќе бидат освета на популизмот, тие ќе бидат Груевистичките вонбрачни деца кои му се враќаат на својот татко. Не знам што се’ од тоа ќе излезе – уште поголемо зло или прифаќање на теоријата „дај-шта-даш“, само на ова да му дојде крајот. Втора варијанта е да пука во сопствените редови кои му се намерачиле да му го земат престолот, или пак, да се договорат за преодна влада која ќе му купи уште малку време до конечна бесилка како казна за политичкиот грабеж на столетието. Трето, да предизвика конфликт внатре, во груевистичкото празно тело, издишано од суштина, да ги укине партиите и’ да се прогласи себе за диктатор на столетието во Македонија, и така среќно да владее до крајот на нашиот или неговиот живот.

На што не’ учи оваа лекција, или барем мене ме учи? Ние како граѓани, луѓе, личности пред се’, мора да запомниме две работи: прво, демагогија и удоволување на масите секогаш претставува авто-пат кон диктатура и второ, политика која најпрво ќе остане без срце, а потоа ќе ја збрише интелегенцијата, на крајот ќе остане и без граѓани.

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести