Ненад Јовановиќ: Ноќ на тврдокорните џуџиња

Гледајќи ги „тврдокорните“ и слушајќи ги од Тиквешијата, ми изгледаат токму такви: бедно, така што победно не може да биде; срамно, така што посрамно не може да биде; ама пред се’ – мртво, така што помртво не може да биде.

Онаа вечер кога радикално-народниот башибозук го одигра својот беден и „тврдокорен“ десант над Скопје, пријател ми пишува: „знаеш како Груевски ги тепа и влече за уши тврдокорните, се слуша дури до Сингелиќ“. Добро, Сингелиќ е бајаги далеку од Кавадарци, некои стотина километри, а на другата страна, еве ме, блеам во празнината на кејот Луда Мара, а се’ она што овие денови се случува тамо – како всушност човечкото овде се создава тамо! Мене, искрено, ми изгледа како лош, прежвакан виц, продукт на некаков одвратен смисол за хумор на некој далечен роднина кој урла од смеење на секоја банална пцовка, а вие, црвенејќи се во образите пријатно се смешкате, демек учествувате во кретенската смешка.

Сакам да кажам дека Македонија и натаму продолжува како едно ужасно егзотично место во космосот, доволно е само малку да се оттргнете „од центарот“, а богами и прилично болно во својата умност. Не затоа што Македонците според некој непостоечки default би биле „полоши од другите“, туку затоа што Македонија живее како во временска капсула, заедно со онаа несреќна Босна; две републики кои се мрцварат со работи за кои веќе никој не се бафта и мрцвари. За овие две – како пропаднати републики – вие не можете ништо разумно да проговорите, ниту да сторите – Груевистичка Македонија мора да се остави да умре, а ако тоа одбите да го правите, тогаш може самите да се заразите со смртта, судбина која изминатава декада и’ беше наменета на Македонија.

Уверен сум, ги погледавте оние патриотски џуџиња кои врескаа низ Скопје, обидувајќи се да го вратат тоа што не може да се врати.

Повремено ќе им се јави лидерот, порачувајќи им дека треба да се зачува „унитарноста“, „државноста“, што значи ќе зборува нешто стерилно и глупаво, ќе моли, ќе се лиже, а суштински треба да и’ каже на стоката да не прави срање, ама тоа е за џабе, стоката е нивна, и стоката е тука да прави срање, тоа е смислата на нивното двоножно сточно вегетирање; ете, да речеме дека за „тврдокорните“ не се виновни Груевски и Иванов, ама виновни се заради тоа што стоката сака токму такви, сака такви и трајно ги поддржува: има таквото инстикт, знае тоа кој е неговиот „природен сојузник“. Добро, има и такви на кои им верувам кога велат дека на груевци политичкото урлање не им одеше во прилог затоа што до крај ги соголи и компромитира во нивниот јад и чемер, типично за политички и насилнички лузери, ама што тоа им вреди: не можеш да проповедаш политика на злоба и дивјаштво, а потоа да се чудиш дека со тебе ќе повлечеш баш такви, злобни дивјачишта, па дури и мародери, разбојници и психопати. Не ти се виновни таквите за ништо, виновен си ти, затоа што работиш со години на тоа да баш такви ти приидат, а секој нормален и чесен ќе те презре. Па уште треба да го слушам оној несреќен (слушај, актер!) Владо како повикува на војна од својот Фејсбук. На таа лудачка дисторизија му се налепија разни психопати: ајде браќа македонци да ја зачуваме татковината, спремни сме за „бој“. Во нормална држава, таквите „тврдокорни“ се апсат во марица, вклучително и оние бизарни попчиња кои се крстеа пред Соборниот храм. Демек и самиот Бог е со нив во одбрана на татковината. Зошто тоа Груевски не го направи, зошто не ги одведе во марица на место каде припаѓаат, тоа само Бог и „Груевски“ го знаат.

Тоа се моите слики за Скопје, тоа е она што во сонот ми се враќа овие фебруарски вечери, на едно место кое е надвор од централизираното врескање и урлање, место на кое се одвива лошо разбраниот чин на една историја. Или можеби разисторија? Луѓето во Кавадарци на овие теми не се имуни, но се’ уште мирно и достоинствено чекорат во ова малечко градче, измеѓу своите проблеми и врескањето на „тврдокорните“ во Скопје. Океј, можеби претерувам, ама го мислам и тоа: нема повеќе драматична неизвесност со Груевски, затоа што се’ она тамо, односно, се’ она што успеав од тамо, да го видам од тука, се добива впечаток дека историскиот чин е завршен, нема натаму и нема подлабоко, работата спектакуларно се самопатосира. „Тврдокорните“ се заслужено урлање во ноќта над Скопје; тоа беше политика на злосторство и смртољубие, и тоа е преубава вест, без разлика што тие крици и урлања ќе шумолат уште долго. Да, таквиот башибозук ќе урла и вреска уште долго, но се надевам дека никогаш повеќе никого нема да уништи, испљачка и убие.

Во овој текст не се важни ниту бедниот Груевски, ниту очајниот Иванов, ниту опскурниот Мијалков, не е важна ниту сета нивна парациркуска менажерија (која, меѓутоа, сака и да прокрвари), без разлика што, на овој-или-оној-начин ќе се занимаваме со нив и во иднина, туку е важно дека со тие манијачки „тврдокорни“, во Скопје е погребана една епоха, онаа во која разумното, чесното, благото и нежното секогаш се повлекува пред злобата, насилството, патолошкото, крадливото. И во која дренажираната злоба има секогаш „проѓа“ кај „масата“, а на другиот му преостанува да се теши дека има „квалитет“. Овие лоши енергии долго време беа спроведувани на асвалтот во Скопје, па лесно се пренесуваа на остатокот од Македонија. Можеби прерано се радувам, ама со Груевски дефинитивно е готово. Таков човек, гледајќи го и слушајќи го од Тиквешијата, ми изгледа токму таков: бедно, така што победно не може да биде; срамно, така што посрамно не може да биде; ама пред се’ – мртво, така што помртво не може да биде.

 

Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести