Ни влегоа во нашите новчаници како чопор од кучиња пред месарница; ни влегоа во нашите домови како натрапници; ни влегоа во нашите глави како болест. Тие се доказ дека секоја неформална моќ во оваа земја се издигнува до ниво на семоќ
Приметувате ли еден „аргумент“ низ македонските чаршии, оние дувла, собиранки за уличари: како е возможно да го напаѓаш Боле, па тој човек е близок со премиерот. Одговарам, кој премиер, оној претходно – формалниот, или овој сега – неформалниот? Се разбира, прашањето е: каков им е тој аргумент кој со кого е близок? Каков е тој аргумент кој кого држи? Што тоа ни кажува, освен што неспособна толпа од шалабајзери, надрндани со неконтролирани емоции, се изнапикале во газот на „формалниот“ и „неформалниот“ арбитар, седат така во топло, во „сигурно“, се дури не искрварат.
Кога за Емил Димитриев се вели дека „тој на Груевски e најблискиот соработник“, каква е таа политичка квалификација? За каква работа? Се тврди дека Оној зборува низ него? Се тврди дека Оној му се „јавува“? Слушаме за близината и на другите, ама таквите други се јавуваат за викенд. Бидејќи и двајцата, Груевски и Димитриев не можат да го верификуваат таквиот взаемен однос, двајцата испаѓа дека ги делат улогите на „наследникот“ и „вдовицата“. Едниот наследува премиерско место, а Оној другиот, завиен во црнина како некоја уцвилена вдовица, одговара преку него тажејќи за својата стара функција. Како што рековме, бидејќи никако не можат да ја оправдаат својата взаемна врска, луѓето ги гледаат во најдобро светло: бахати пљачкаши на баркона гробница.
Ако Ѓорге Иванов го држат формално-правно да ги чува и амнестира, во таков случај се ништо друго освен банда која краде цвеќе низ гробишта, а навечер го продава низ хациендите на Водно и плоштадот Македонија. Зошто? Затоа што е необично тешко да бидеш лидер кога никој не те следи. Прашајте ги Емил и Никола. Како е возможно да се одлучува за судбината на сите нас – со брутална контрола на половината и млака поддршка на една петтина во врхушката. Имено, лидер може да биде херојска фигура, или мудрец кој исцицува знаење, или цврст карактер способен да одолее на искушенија. Во која од овие категоризации ги препознавате овие ликови? Каде припаѓа Оној кој долго останува под впечатокот што го остава на другите, и Оној кој празнината после неговото заминување совршено ќе се заменува?
Се работи имено за тандем како општествен вирус од широк спектар кој претставува картијатида од „гробно-полициска“ фракција на ДПМНЕ, приватно здружување кое неовластено ја приватизира Македонија. Во пленарниот состав, собранискиот вирус, претседателот на Собранието, еден министер, еден сопственик на неколку телевизии, една Чавка со пар советници во безбедносните структури, и оној селски среброљубец зацапан со опинците во Анска река, карактеристичен призвук го оддава бидејќи шири еден мутав акцент. Тоа е Големата Судска Порота на Македонија. Тие одлучуваат за судбината на секој човек во државата Македонија; им пресудуваат на фирмите, медиумите, институциите, партиите, банките, кредитите, работата, затворот, слободата, увозот, извозот. Одлучуваат дури и’ за судбината на секој криминалец. Се разбира, освен оние кои одлучуваат за нивната судбина.
Ни влегоа во нашите новчаници како чопор од кучиња пред месарница; влегоа во нашите домови како натрапници; влегоа во нашите глави како болест. Тие ги уништија институциите, ја деформираа правдата, ги растегнаа законите. Тие заговараат планови за, употребувајќи ја државата во приватни, лични цели, да бидат уште еднаш нејзини владетели. Тие направија од Македонија да изгледа како помочана и испокршена јавна говорница, сите се’ снимаат, душкаат, вадат батерии од мобилните телефони, шепкаат. Тие се доказ како неформална моќ во ваква земја ги издигнува до состојба на семоќ. Тие се дел автори, дел наследници на транспартискиот систем од паралелна власт, организирана според воена хиерархија, каде што припадниците брзо ги стигнува награда, но и казна. Тие, имено, се заслужуваат едни со други, Македонија не залужува ниеден од нив!
Несреќата во Македонија очигледно не е уморна. Во покојникот се колнат двајца аѓутанти кои тој, пред смртта, практично ги отпушти; едниот беше министер, докрај стравувајќи од неговата компетенција и превртлив карактер, човек кој во „бомбите“ отворено му се ругаше, дури и бараше да му зачука телефон во глава. Знам дека знаете за кого станува збор. Другиот е неговиот опскурен братучед кој се’ уште не се знае неговата судбина. Кој ќе ги опомене, како ќе ги казни? Ако пред желбата на Големата Порота не се испречи американскиот амбасадаор Бејли, во Македонија ќе продолжи стравот многу повеќе од Мијалков и Груевски одошто од Америка.
Признавам, и Мијалков го гледам како покоен плукнат владетел. Егоманијак со милошевиќки дизајн, насмевка, гестикулација и суета на генералисмус, не е тука, а како да е тука: бизнисите течат како званична карта за влез во Македонскиот пекол. Мијалков и неговите лично ги наплаќаат влезниците. Ако се’ ова не е точно, речете ми како се нарекува функцијата која се вкрстува во ДПМНЕ на неколку фракции – течат информации од луѓе кои не се членови на таа партија; целата Коалициона болумента се тресе – а лидер нема; вредноста на тајната полициска документација се чисти – а нема инспектор; сила на правосудниот систем – во кој не’ работиш; овластувања на Македонската влада – каде формално си лилипутански чиновник; дресирани медиуми – а не си новинар; oвластувања на парламентот – а не си пратеник; приватизација – за која не си задолжен; истраги – кои никој не ти ги доверил; контакти со „сива зона“ за кои никој не те овластил. Како имено, се нарекува функција која Груевски и Мијалков ја извршуваат во Македонија? Како се нарекува, уште полошо, тоа што вакви „функционери“ во Македонија се’ уште работат? Постои ли на друго место во Европа двајца луѓе со толкавата власт во раце, а никаква одговорност? Мијалков мора да исчезне, не од ДБК, туку од Македонската политика, ако македонската политика и мисли добро на Македонија. Додека тој е тука, тајната Македонија ќе биде секогаш помоќна од јавната Македонија. Дел заради неговата амбиција да ги зачува бизнисите, дел заради македонскиот кукавичлук, дел заради неговиот братучед Груевски. Нема да си отиде лесно; никој доброволно не се симнува од планина со 10-тина милијарди евра колку што ќе ги „преврти“ годишно државата Македонија. Овие двајца се’ уште ги убиваат дресираните медиуми. За другата, партиска логистика, задолжена е Големата Порота која одговара на уште само еден човек.
Колку што може да приметам, знам што имаат на ум. Во тој наум, може само еден човек да ги спречи и „исчисти“. Сите знаеме за кого станува збор. Изборите ќе бидат само потврда на тоа.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


