Десет години Македонија е вештачка, исконструирана држава која се „води“ и „дели“ по етнички линии. Што значи денешна Македонија е комплетно измислена. Има устав, Собрание, ама и едното и другото е „пучирано“. Судовите се тука, ама не работат. Мислам ги гледаш, тука се, ама не работат. Како некоја работа која е тука, ама не работи. Мислам работи, само не работи во описот на своите работни овластувања
Често се зборува за тоа како значаен дел од овдешните интелектуалци, професори – самопрогласени за „државотворни“, што и тоа да значи во нивниот до болка (пре)тесен имагинариум – се оддаваат на системска релативизација на злосторството. Имено, оние злосторства кои ги направија „нашите“; потоа злосторствата кои ги направија „нивните“ демонизирајќи го Другиот. Се’ тоа, за жал, е точно, дури и повеќе од точно, ама сепак, некако непотполно: работите стојат уште полошо, фалсификаторски и историскo-ревизионистичкиoт „зафат“ е уште подлабок и далекусежен. Она што мене ми се чини дека е суштинско, фундаментално: нормализирање на ненормалното. Тоа во превод значи лудачки идеи и злосторничка пракса кои изминативе години внимателно беа припремани, манијакални зафати на Курири и слични пропагандни портали, гласноговорник беше груевистичката (пара)интелектуална шаманистика (ве молам да се вовде во „регистарот на поими“!), а потоа постепено легитимирани: напоредно со некои „историски случувања“ кои порано во јавниот простор беа незамисливи, се одвиваше интелектуално препарирање на јавностасо цел новата реалност да се прикаже како „единствено можна“, како нешто што практично е од „секогаш“ тука во нашите животи, а, ако не е „отсекогаш“ тука – тогаш така требало да биде, и фала му на Бога што дојде време за да ги оствариме нашите „вековни соништа“. Во крајна мера добиваме – за волја на вистината ретко изречено – уште полошо од проста „релативизација на злосторството“: се работи за неговата апотеоза. Поточно, се работи за апотеоза на „историскиот зафат“ што значи дека од системското злосторство е неодвоиво (затоа што без злосторство самиот Зафат би бил неостварен, дури и бесмислен).
А што се случува кога ќе се легитимира одреден „историски зафат“, кога тој станува дел од нашата животна реалност, а потоа „истеченото време“ (за кое апологетите на Зафатот итро го сметаат за свој сојузник) кое ќе си го направи своето, па оној отповеќе човечки заборав, а богами и навика, ќе се избришат дури и на делчиња од почетната фалична „нормалност“ и „легитимност“ на некој зафат? Е, тогаш добиваме Монструми од Плакарот за чија „вградена“ монструозност не знаеме ништо, затоа што во меѓувреме станале некаква аксиоматска вредност, нешто сосема „природно“ што „отсекогаш е тука“. И така мутантноста на нивната природа останува засекогаш неразмрсена, и практично „невидлива“: ако доволно долго гледаме две телиња со две глави кои притоа „сите“ околу нас спокојно ги чешкаат по ушите, на крајот ќе ја усвоиме премисата дека тоа е „нормално“, а оној кој ќе не’ предупредува и потсетува дека телето обично има една глава, ќе го сметаме, во најдобар случај за провокатор или ќе го сожалуваме на начин достоен за идиот кој не ја разбира Новата реалност…Како ќе изгледа нормализирање на ненормалното во денешна, предизборна Македонија?
Еве еден рецентен пример. На целиот „македонски медиумски простор“ завладеа некаква бизарна констернација, некоја силна изненаденост и навреденостзатоа што Зоран Заев сака да воведе двојазичност, а со тоа и’ федерализација на Македонија. Па почнаа сите да урлаат, кликтаат, мјаукаат (професори, новинари, политичари). Имено, само монструозен етнички ум, типичен за денешната клика на груевизмот може да тврди дека Македонија е земја-производ на еден етникум, што значи дека Македонија е само на Македонците. Ако одиме по таквата груевистичка парадигма, тоа значи дека Македонија не е држава, туку парадржавно чедо на Македонските Македонци, башка што е старо еден грст години, што во историска смисла Македонија е стара колку што трае едно трепкање на окото – во свеста на „масата“ и „елитата“ почнува да се доживува како некаква вредност, политичко-историска нужност, чиј темел е цврст како гранит… Хм, тешко дека на темелот изграден од неброени човечки судбини може да се изгради било што цврсто, трајно и конечно! Кршлива е тоа материја. Затоа денешна Македонија е држава со вградена грешка, тешка скаламерија која „клеца“ на слаби ножиња и трошно тло: Македонија десет години е создавана на организирано злосторство – етнички ритуален терор на сите замисливи форми на погром према нејзиното „иноверно“ граѓанство and жителство. Како цртеж на умоболен кој е, за беља на вистината, ги измешал лековите со алкохол, како некакво географско чудо невидено, како некаква нефкусна шала која во најчудните замисливи меандри од авети ашкаат низ земјата Македонија уздуш-и-попреку, во инат на географијата и историјата, демографијата и елементарната човечка памет.
Десет години имено Македонија е вештачка, исконструирана држава која се „води“ и „дели“ по етнички линии. Што значи денешна Македонија е комплетно измислена. Има устав, Собрание, ама и едното и другото е „пучирано“. Судовите се тука, ама не работат. Мислам ги гледаш, тука се, ама не работат. Како некоја работа која е тука, ама не работи. Мислам работи, само не работи „во описот на своите работни овластувања“.
На таква „измислена работа“, на таква конструкција, не постои во оваа држава никакви „македонски“, „муслимански“, „албански“, „турски“ дел од Македонија, како на времето Чешка и Словачка, па секој си тргнува по својот пат, низ срчано „догледање“ – и со – „Господ напомош, комшија!“ Сакам да кажам дека етничката конструкција на Македонија не можеше да настане без Огромното Груевистичко Зло. Доследно следејќи го ваквиот никулец, раѓањето на груевистичка Македонија е најдиректна последица на смртта на другите, „сувишни“ луѓе, оние кои не се вклопуваа изминативе години во нејзината доктор-џекиловска замислена „структура“, и кои мораа да се отселат, заминат, умрат или на некој начин бидат отстранети/преселени за таква држава да биде воопшто возможна.
Мора да зборуваме, дури кога некогаш се мисли дека нема кому, мора да повикуваме наелементарни „три чисти“! Еве, дури и нивните интелектуалци повикуваат на „унитарност“, „уставен поредок“, ме мрзи да ги цитирам, како јајце-на-јајце во аргументациите, другите, оние „независни“ интелектуалци, пера „од духот“ имаат до болка слични тези: лошиот Заев ќе ја федерализира Македонија. Што ќе прави, како рековте, може уште еднаш да повторите? Ако ваквото „умување“ претставува Централен ток во свеста на „македонската интелегенција“ и се’она што се случи изминатава декада во Македонија, не можеме на ништо добро да се надеваме: од една страна етропијата ќе го изде она што „изести се мора“, оти чудните груевистички „четници“ на тоа не можат да влијаат, ама затоа „сите ние“ ќе тонеме во уште поголема „аутистична ретардација“, што значи дека човечкиот јазик нема да се користи за изрекување на логични тврдења, а Македонија ќе продолжи да животарикако некаков бизарен и анахрон „тематски парк“, како запуштена варијанта на Дизниленд во која една по една симпатична sверчичка исчезнува, или како Патковград во кој се молчи, или слуша некакво гракање и квакање во длабоката и пуста потконтинентална помрачина. Што ќе биде за оние со „три чисти“? Еве ни го 11-ти декември. Ја знам за кого сум. За кого си ти, драг читателу, на тоа прашање за брзо ќе го знаеме одговорот.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


