Не треба да се претерува со малициозни, вулгарни и нечовечки коментари кон Калиопи! Мразам што ние како народ, уживаме така душмански да се нафрлиме над поразениот. Да, да немате дилеми, јас се грозам од фактот што Калиопи флертува со режимот, што свесно си закачи етикета со цена на грлото, што испрофитира од поданичкиот однос кон власта, што ја нема на пример на протестите на Шарената револуција, да ја испее „Бато – све су ми узели“ !! Од друга страна, ова не влијае на моето мислење дека, таа е одлична пеачка и признавам дека многу пати сум се гордеела со тоа како достојно ја преставувала мојата држава, на редица концерти низ светот. Затоа мислам дека во критиките треба да направиме една дистинкција. Една е Калиопи која нема осет и свест за сопственото политичко и општествената влијание што како јавна личност го има во Македонија .Во истата таа Македонија за која изјавува дека ја носи во срцето, а нас ни изгледа дека и заглавила некаде помеѓу новчаникот и џепот. Од друга страна е Калиопи- пеачката која е музички бренд во земјава, која е пеачка со голем капацитет која многу пати не одушевувала и сигурно и во иднина ќе не одушевува со нејзините пеачки бравури, полни со чуства и енергија !
Фејсбук статус на Магдалена Несторовска


