Нецивилизирано било да се бара сега кој е одговорен.
Оваа ме потсетува на една реченица на еден многу драг човек, а тој знае да каже “Абе на овие бандитиве војна и елемнтарна непогода најмногу им одговара бидејќи тогаш секој гледа државата да си ја спаси, а не да го бара виновникот“ човекот бил во право 100% ги проценил одлично.
Што е цивилизирано, а што не јас ќе набројам 10 работи исто толки колку тие се на власт, а вие одлучете сами:
- Скопје 2014“ над 600 милиони евра;
- Да купуваме чоколадо, а да немаме за леб;
- Манипулацијата на земјодлеците и пензионерите;
- Провизијата од 5% за автопатите со Кинезите;
- Да сокриеш убиство на млад човек;
- Парцелите на Водно;
- Местење на милионски тендери;
- Давањето пари за наводно чистење на канали;
- Оф шор компаниите;
- Манипулациите со вистината и злоупотребата на медиумите;
И сега кој е цивилизиран кој не е цивилизиран, дали ако се работеше домаќински Македонија ке имаше подобри патишта па ќе немаше да имаме толку жртви по патиштата, дали Македонија ќе имаше исчистени канали па ќе немаше да има штети низ државата, дали ќе имаше повеќе млади во Македонија, дали , дали и само дали…
Цивилизирано или не одговорот е повеќе од јасен – 11.12.2016
Пишува:Митко Бојмацалиев


