Ќе ви кажам четири примери со кои политиките на власта се поразувачки за граѓаните на Р. Македонија.
Првиот пример:
Имаше конкурс во велешката болница за прием на 5 доктори. Еден мој пријател со висок просек конкурираше. Немаше партиска книшка. Можете да погодите дали го примија? Не. Иако имаше просек 9.7. Замина во Германија, си ја плати специјализацијата и сега таму работи и не сака да си дојде во Македонија.
Втор пример:
Доктор вработен во установа со партиска книшка. Член е на партија на опозицијата. Го шиканираа, не можеше да ги издаржи притисоците и малтретирањето и си замина во странство. Си ја повлече со него жената и двете деца.
Трет пример:
Имам пријател којшто пред еден месец имаше продавница за бела техника. Му одеше релативно добро. Знаете што направи? Ми вика Марјан не можам веќе, ова повеќе не се издржува, народот нема пари, цело време ме тераат да ги пишувам на долг а на рати да ја давам робата, од друга страна морам веднаш да ги платам давачките кон државата и кон доверителите. Плус на тоа ми доаѓаат инспекции секој месец по два пати.
Го затвори дуќанот и отиде во Германија. Ете тоа е добрата бизнис клима со која се фали власта.
Четврт пример:
Во Велес има едно село се вика Горно Оризари. Таму живеат повеќе од 3000 Бошњаци. Прв пат во историјата од кога постои тоа населено место оваа година имаат вишок на наставник во одделенска настава. Затоа што нема деца. Децата им се раѓаат во Австрија. Каде што се иселуваат масовно.
Тоа ли е иднината што ја нуди власта во нашата држава?! Тоа ли се политиките кои ќе доведат до задржување на граѓаните во Македонија?!
Поради многу вакви тешки и болни животни примери што ги гледаме секојденвно “Македонија се иселува” е најуспешен проект на власта изминативе 9 години!
Фејсбук статус на Марјанчо Николов


