Владата до крајот на годинава ќе издаде нова Еврообврзница со која ќе не задолжи со нови 500 милиони евра.
Во текот на годинава не задолжиле со кредити од 850 милиони евра. Значи оваа власт вкупно планира да ја задолжи државата со 1 милијарда 350 милиони евра само за оваа година.
Што е најлошо овие кредити нема да бидат потрошени за инфраструктура или подобар животен стандард на граѓаните. Затоа кога даваат отчет прво да одговорат каде ја потрошија претходната Еврообврзница од 500 милиони евра?! И за што ќе ги користат овие нови задолжувања кои ќе ги враќаат овие и идните генерации?!
Сум кажал повеќе пати, кој живее на кредит, умира на рати!
Фејсбук статус на Марјанчо Николов


