Николовски со честитка до Тиквешки семејни винарии за добиената награда МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ за 2024 година

Честитки до Macedonian Family Wineries / Тиквешки Семејни Винарии и Македонски Дестилерии – Ракиџии за добиената награда МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ за 2024 година за особени достигнувања во развојот на економијата, дома и во странство.

Ова е круна на сите награди за овој голем проект за развој на малите винарии и дестилерии, промените во законите и политиките како и инвестициските програми што ги воведовме за нивна поддршка како и ентузијазмот и посветеноста на малите семејни винарии и нивното раководство.

Од 2019 год. кога со нив го започнавме овој проект до сега имаме 177 нови регистрирани мали винарии. Обединети во здружението на македонски семејни винарии денес ја добиваат наградата на Сојуз на стопански комори што е потврда на визионерството и нивниот брз развој и влијание на економијата.

Како нивен почесен член, горд сум на секој успех и знам дека досега направивме еден голем чекор но просторот за нивен раст и развојот на руралниот туризам е огромен.

Нема назад и тој успех мора да се случи.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести