Николовски: Со мерките од Програмата за рурален развој, ќе обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов презентираше неколку кои се однесуваат на потребата од обезбедување на поголеми средства и поголема транспарентност на постапките, и кои се однесуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Дел од барањата беа во насока на забрзување на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно пред државните институции, особено кога тоа придонесува за економски развој на руралните општини, како и зголемување на финансиските средства на општините, пред се на руралните општини, во делот на средства од продажба на земјоделското државно земјиште „Бараме да се укине учеството од општините во плаќањето на ДДВ за проектите согласно Програмите за финансирање на руралниот развој. Ако ова веднаш не е можно, бараме разликата која ќе се појави помеѓу проектираниот износ и износот на проектното решение добиен по спроведена јавна набавка и е-аукција, општината да го искористи за наплата на ДДВ обврската од страна на апликантите“, изјави Шилегов. Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, посочи дека неповратната финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата. Бабовски посочи дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините „Рурална јавна инфраструктура во вкупно 12 милиони евра на располагање и со 100 отсто на финансирање на проектите на општините. Мерката ќе биде достапна од 2019 година. ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести