Денес е Меѓународниот ден на жената од руралната средина, 15-ти октомври.
Ова се фактите и резултатите од нашата визија преточена во макотрпна работа кога се во прашање нашите политики и мерки за руралните жени:
Уште во 2018 година, во соработка со Националната Федерација на фармери, со министерството за труд и социјална политика, We Effect, Рурална мрежа, Рурална коалиција и Факултетот за земјоделски науки и храна, потпишавме декларација и започнавме со креирање на посебна мерка „Рурална жена“,
вкупно 320 жени добија грант за набавка на опрема од 3 и 6.000 евра токму преку оваа нова мерка „Рурална жена“,
во 2020 за прв пат донесовме Правилници за продажба од куќен праг, преку кои создадовме услови на легален начин да можат да се продаваат убавите и традиционални производи од животинско и неживотниско потекло, приготвени од вредните раце на нашите вешти рурални жени,
за прв пат креиравме и нови програми за малите производители од праг преку кој 67 жени земјоделки добија инвестициски грант од по 10.000 евра и тоа:
36 жени грант за производство на храна од неживотинско и 3 жени за храна од животинско потекло,
25 жени се добитници на грант за мали винарии, 3 за мали дестилерии,
За прв пат воспоставивме Национален саем за храна и пијалоци во Скопје со над 400 изложувачи и повеќе од 2000 домашни традиционални производи. Токму овој саем на едно место ги собира резултатите од мерката за поддршка на руралната жена, младиот земјоделец, малите семејни винарии и малите производители на храна.
290 жени добиле грант за мерката „Млад земјоделец“,
115 добиле грант за инвестиции преку најновата мерка „Бизнис план“,
626 жени добиле трактор,
111 добиле финансиска поддршка за набавка на системи капка по капка,
158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 12 жени добиле комбајн за ориз, 7 жени добиле комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 за опрема за тутун.
За прв пат донесовме програма за платено отсуство за мајчинство на жените земјоделски и тоа во износ од 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.
Клучниот факт е што со овие мерки за 6 години имаме нови 9.000 регистрирани жени земјоделки.
Наместо да продолжи оваа визија или да промовираат своја политика, безидејната Влада во повеќе од 100 дена нема објавено ниту еднен повик за ниту една мерка а на постоечките мерки кои ги спроведувавме неколку години, ги намалија буџетите со ребалансот, а Програмата за социјална сигурност на жените земјоделки за жал е ставена на маргините на приоритетите.
-Фејсбук статус на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски


