Македонската женска ракометна репрезентација и на вториот натпревар од подготовките во Тунис претрпе минимален пораз од домаќинот. Откако првиот дуел го загубија со 23:22, на вториот натпревар одигран вчеравечер беше 21:19 (7:7).
Подмладениот состав на селекторот Ристо Магдинчев уште еднаш одигра неизвесен дуел. Најефикасна кај Македонија беше Симона Грозданоска со 7 голови, додека по четири голови постигнаа Робертина Меческа и Зорица Десподовска. До крајот на подготовките во Тунис, нашата репрезентација утре ќе одигра уште еден натпревар со домаќинот.
]]>


