Ново режимско сценарио?!

Последнава вест на ТВ Телма мене ми мириса на ново режимско сценарио!!!

Бегството од одговорноста Монструмиве да го побараат во инсцениран обид за атентат преку наводно принудно слетување на владиниот авион во Цирих.

Ако некој планирал да ве приземји немаше да ви остави простор за пропагандни “технички проблеми”. Јасно ли ви е?!

Подготвени сте на се. Сега имате причина да ја активирате вашата напаѓачка орда. Па оттука е оправдано денешното стационирање на борбените возила позади Влада.

Затоа ние граѓаните немаме веќе време за преговори. И за нас сте нелегитимна страна на преговарачката маса!!!

Ова треба да го сфати Европа и Америка! Вие сте нелегитимни по сите основи, сите нивоа, сите ешалони на власта кои вие сте ги поставиле!

Доста веќе од крвави сценарија за да ја задржите власта! Им се смачивте на сите!!!

Господе дај ни сила на ден Св.Спас да издржиме се што ни претстои!!!

Фејсбук статус на Јасминка Ангелова

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести