Православните верници кои го почитуваат Јулијанскиот календар Бадна вечер и Божик ги прославуваат на 6 и 7 јануари, празник за целото семејство кога сите се собираат заедно.
Божикот се празнува како ден на раѓањето на Исус Христос, Син Божји, Спасител на светот. Тоа е празник на раѓање на нов живот, празник на децата и детството, празник на родителството, татковството и мајчинството.
Во православниот свет обичаите се разликуваат од земја до земја, а секој народ внесе сопствена традиција во прославување на празникот.
Во Русија обичај е да се собере цело семејство на маса на Бадната вечер, а потоа следи посебна вечера без месо. Главното јадење се нарекува кутја.
Вечерата се подготвува од разни видови на житарки кои симболизираат надеж, со додаток на мед и афион (симбол на среќа и мир).Тоа се смета Света вечера, а се сервира на бел чаршаф кој го симболизира белото платно во кое Исус бил повиен по раѓањето.
Во просторијата се внесува малку слама како потсетување на скромната место во кое се родил Исус, а голема бела свеќа се поставува на средина на масата во знак на објава дека Исус е светлина на светот.
Православните во Сирија и Египет Божик го прославуваат слично како Русите, бидејќи токму руски свештеници го донеле православието на Блискиот исток и Африка.
Во Украина најважен дел од прославата е вечерата Бадната вечер која ја нарекуваат Света вечера, кога во домот се внесува сноп пченица. Тој обичај се нарекува дидух т.е. дедин дух и ги симболизира претците и желба годината да биде плодна. Во градските семејства дидух е присутен во сноповите од пченица кои се ставаат во вазна.
Во Македонија на 5 јануари децата пеат божикни песни од врата до врата, тоа е коледе. По еден ден, на Бадната вечер следува внесување на дрво бадник на куќното огниште. Дрвото пред тоа се сече на три дела што го претставува Светото тројство, а сите три дела во домот ги внесува таткото.
Во Грузија на Бадната вечер се чека часовникот да чукне 12 пати, а потоа почнува вечерата со традиционално грузиско вино.
Верниците на Ерусалимската патријаршија за Бадниот ден и Божикот обилно јадат колачи – најчесто кадаиф. Суво овошје, како урми, кајсии, грозје и сливи, заедно со лешници, бадеми или ораси, кои исто така се популарни. За Божикот традиционално се прави посебно јадење подготвено од јагнешко месо.
Останатите православни цркви и земји веќе ја прославија Бадната вечер и Божикот на 24 и 25 декември.
Во Грција која премина на новиот календар, децата на Бадна вечер одат од куќа до ку


