Околу 4.000 евра штета претрпел Е.Љ.(45) од Тетово откако засега непознати сторители провалиле во неговата железарница во тетовската населба Дреновец, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Крадците од продавницата што била без фирма одзеле повеќе вредни машини и производи што сопственикот ги проценува на нешто над 4.000 евра по што незабележани од никого избегале во непознат правец, рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид, го фотодокументирала случајот и работи на откривање на сторителите.


