Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади, поддршка до 600 000 денари по корисник

Платежната агенција денеска објави Јавен повик за подигнати повеќегодишни насади.

Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно Законот за пензиско и инвалидско осигурување или е правно лице регистрирано за вршење на примарна земјоделска дејност и кои подигнале повеќегодишни нови лозови и овошни насади, повеќегодишни ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 мај 2023 година до 31 декември 2023 година, ќе можат да поднесат барање за исплата на финансиска поддршка по Јавен повик 02/2024.

Максимална вредност на поддршка за прифатливи трошоци техничката поддршка e 600.000 денари по корисник.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести