Објавен огласот за пари од програмата за Рурален развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани субјекти дека на ден 28.02.2015 година е објавен Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за мерките 1.4

Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи и тоа за специјализирани продавници за вино по потекло од Република Македонија и тоа: Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево по една продавница, 112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 122 Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите.

Целта на мерка 1.4 е воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продавници за продажба на вино со потекло од Република Македонија. Со мерката се воспоставува и корпоративен и бренд идентитет на специјализираните продавници во кои ќе се продаваат македонски вина. Со тоа се унифицира и специфицира бренд логото во македонска и англиска верзија, пакувањето на продадените вина, работната облека на вработените во продавницата, излогот на продавницата и целосното ентериерно решение на продавниците.

Со воспоставување на брендот унифицирани и специјализирани продавници за продажба на вино со потекло од Република Македонија ќе се овозможи зголемена достапност на македонските вина до домашните и странските потрошувачи, промоција на сите вина произведени во Република Македонија и зголемена препознатливост на македонските вина.

Финансиската поддршка за мерка 1.4 се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од:
• 50% од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари
• 50% од износот на годишнината закупнина , но не повеќе од 30.000 денари месечно
• најмногу две просечни плати во дејноста за две лица вработени за продажба на вино во продавницата

За Мерка 122, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

За Мерка 112, максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности од Деловниот план за мерка 112.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

За мерка 1.4 -Правни лица регистрирани согласно Законот за трговски друштва, Законот за угостителство и кои ќе ги исполнат условите согласно Законот за трговија при започнување на вршење на дејноста односно ке поседуваат дозвола за вршење дејност промет со алкохолни пијалоци, за мерката 112 -Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, за мерка 122- правно или физичко лице сопственик на приватна шума или здружение на приватни сопственици на шума.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2015 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/6405?title=objaven-oglasot-za-pari-od-programata-za-ruralen-razvoj#sthash.0Hwi8J5R.dpuf

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести