Објавени фотографии од терористите во Анкара: Вооружени со пушки се обиделе да упаднат во воен објект

На социјалните мрежи се појавија видеа од двајца терористи кои извршија терористички напад врз  комплексот на националната воздухопловна компанија на Турција, ТУСАШ, во Анкара.

„Ранетите се евакуираат. Ова е многу важно место за одбраната на Турција. Преземени се посебни мерки и испратени специјални екипи. Контролите се вршат и од воздух. Можеме да потврдиме дека терористите употребиле оружје со долга цевка“ – изјави од местото на настанот новинарот на Си-Ен-Ен, Турк Мурат Бекмеши.

Веста за терористичкиот напад на социјалната мрежа Х ја соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, кој изјави дека има загинати и повредени.

-Имаше терористички напад врз објектите на ТУСАС во Анкара. За жал, по нападот имавме загинати и повредени.

Господ да ги помилува починатите, а на нашите ранети им посакувам брзо оздравување.

Јавноста ќе биде известена за ситуацијата. Многу важно е да се следат информациите кои доаѓаат од официјални извори“, изјави Јерликаја на социјалната мрежа Х.

Најчитани вести