Обрван: Ремито со Чешка е добар резултат за нас

Двете репрезентации можеа да победат, па сметам дека ремито е најреален исход, рече селекторот на ракометарите Ивица Обрван по денешниот натпревар со Чешка кој заврши со резултат 24:24. -Среќен сум што во финишот не примивме гол, освоивме значаен бод и сега со оптимизам се вртиме кон дуелот со Австрија. Сакам да им честитам на моите играчи кои во комбиниран состав се изборија за добар резултат против силен ривал како што е Чешка. Ние не сме репрезентација што може да игра во исто темпо цел меч и да задржи предност веднаш штом ќе ја создаде, но ме радува што покажавме добра дисциплина во играта. Жалам што при 6-3 не го зголемивме притисокот врз ривалите, но во суштина работите се одвиваа онака како што очекувавме. Ова е позитивен резултат и треба да ни даде потстрек пред следните предизвици- рече Обрван.

]]>

Најчитани вести