Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Обвинети во процесот се Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, кои се обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
Халил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство и се недостапни за судските органи. Обвинет во процесот е и Фејзи Азири, обвинет за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.
Хаки Азири судијата го осуди на единствена казна од девет години затвор.
Обвинетиот Фејзи Азири е виновен за две кривични дела помагање на сторител за вршење на кривично дело е осуден на единствена казна затвор од 15 години.
По правосилната пресуда од скопска Апелација во 2014 година за овој случај беа поднесение жалби до Врховен суд на РСМ, кој во ноември 2017 година донесена одлука да се укинат пресудите на Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје. Со ова одлука и обвинетите после пет и полгодини затвор беа пуштени да се бранат од слобода.
Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред празникот Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
]]>


