Од Берово до Ургентен во Скопје: Одбил да ги превезе, па го претепале

Полицијата од Берово поднесе кривична пријава против В.М.(20), Д.М.(18) и А.Џ.(27), сите од с.Русиново, беровско, за сторено кривично дело „насилство“.

На 22.11.2013 година, пријавените пресретнале едно лице од Берово, кој бил заедно со неговата девојка во својот автомобил и побарале превоз од него. Тој одбил да ги пренесе до посакуваното место, па пријавените физички го нападнале и му нанеле видливи повреди.

Повредениот од Медицинскиот центар Кочани поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар во Скопје.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести