Во фармата на сточарот Шериф Лимани од кумановско Сопот, лани во декември му угинале 400 овци.
Според него причината е непозната болест која го зарази стадото. Тој вели дека од 1000 овци половина се пцовисани. Смртоносната болест се појавила на 4 декември 2014. Штетата е огромна. Според Лимани, штетата е околу 40 илјади евра. Тој вели дека досега никој не му понудил помош.
-Имав 1.100 овци, од нив половина ми изумреа.Имам и 100 кози но гледам дека и нив почнува да ги фаќа истата болест. Ги повикувам надлежните институции да ми помогнат, дневно ми умираат од 10 до 15 овци, изјави фармерот Лимани за интернет порталот Алмакос.
Имам уште 100 овци но и на нив им се виснати ушите, и се вртат во круг. Од државата немам никаква помош. Ги повикувам институциите да ми помогнат“, изјави за Алмакос Шериф Лимани.


