Од среда започнува откупот во Жито Прилеп, 11 денари само пченица од прва класа

Најголемиот откупувач на пченица во пелагонискиот регион, Жито Прилеп АД, во среда на 15ти ќе започне со откуп на меркатилна пченица од реколтата 2014/2015 година.

Пченицата ќе се откупува врз основа на претходно испитани параметри како влага, хектолитарска тежина и примеси, така што ќе се дели на три класи. Пченицата од прва класа со хектолитарска тежина од 80 и над 80 ќе се откупува по цена од 11 денари по килограм, за пченица од втора класа со хектолитарска тежина од 76 до 79,9 производителите ќе добијат 10 денари по килограм, додека пак за пченицата со најниски параметри, односно хектолитарската тежина од 74 до 75,9 че бидат исплатени по 9 денари по килограм, изјави сопственикот на компанијата Николас Атанасоски.

Плаќањето на откупената пченица, додаде тој ќе се врши според веќе утврдените критериуми и исплатата ќе биде навремена.

Сега сме на стартот на откупот, а врз основа на сознанијата дека Пелагонија како најголема житница во Македонија беше погодена од поплави кои нанесоа огромна штета на посевите со пченица, покрај откупот во Македонија ќе се откупува и од Србија и Унгарија поради недоволно количество на пченица за оваа година.

Извор: Шеталиште

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести