Македонската одбојкарска репрезентација денеска доби нов селектор. Жарко Ристоски ќе ги предводи нашите одбојкари во квалификациите за Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Полска.
Ристоски доаѓа на местото на Бугаринот Николај Жељасков кој се повлече од селекторската функција.
Македонската репрезентација во квалификациите закажани за јануари 2014 година ќе игра во група со Србија, Словенија и Португалија.
Ристоски е најавен како привремено решение на селекторското место кое остана празно во незгоден момент.
Сега е редот на Фудбалската федерација на Македонија и на Македонската кошаркарска федерација да ги назначат предводниците на македонските фудбалери, односно кошаркари.


