Одбојкарите почнуваат со анализа на ривалите

Одбојкарската репрезентација на Македонија веќе неколку дена се подготвува во Пробиштип за настапот на квалификациите за Светското првенство (трета фаза) што ги очекува во Ниш на почетокот на следната година.

Противници на „црвено-жолтите“ покрај домаќинот на групата Србија, се уште Словенија и Португалија.

Селекторот Жарко Ристоски по серијата откази на квалификациите ќе настапи со 11 одбојкари, но во стручниот штаб најавуваат дека ќе почнат да ја подготвуваат стратегијата за успешен настап.

Во рамките на подготовките Македонија во текот на викендов ќе одигра контролни натпревари со бугарскиот прволигаш Габрово.

На квалификациите во Ниш првиот противник на Македонија на 3 јануари е Србија, на 4 јануари игра против Португалија, а последниот ден на 5 јануари против Словенија.

Македонската репрезентација за Ниш ќе замине на 2 јануари.

Најчитани вести