Да објаснам што значи одземањето на ингеренцијата на владата во распределбата на ИПА фондовите!
За Македонија да добие акредитација за ИПА од Брисел требаше да исполни неколку услови и да воспостави оперативна структура која се состои од над 400 државни државни службеници. Но, сега со ИПА 2 се воведува таканаречениот секторски приод кој подразбира и среднорочно буџетирање согласно секторските стратегии. Ако не се исполнети овие услови (од ребалансот гледаме дека Македонија е далеку од среднорочно буџетирање), тогаш парите ги работи Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, а административниот трошок паѓа на товар на македонските ИПА средства. Со други зборови, Македонија ќе им исплатува плати на над 400 државни службеници, а дополнително на тоа странци ќе се вработуваат во Делегацијата за да ја вршат нивната работа. Многу богата држава сме, нема што!
Само да предупредам – одземањето на акредирацијата, пак, ќе биде политичко убиство не само на властите на Македонија, туку и на граѓаните и затоа не смее да се случи!
Е ова, почитувани граѓани, се резултатите од 24/7 работењето на ДПМНЕ!
Фејсбук статус на Лидија Димова


