Иако не настапи во еден од 12 ноќешни натпревари од НБА лигата, тимот на Оклахома се врати на водечката позиција на „Западот“, а тоа е поради поразот на Портлад кој го расипа својот ефект. За разлика од Портланд, лидерот на „Истокот“ Индијана беше сигурна на домашен терен и ја забележа 24 сезонска победа.
Постигнати резултати: Бостон – Кливленд 103:100, Индијана – Бруклин 105:91, Торонто – Њујорк 115:100, Вашингтон – Детроит 106:82, Атланта – Шарлот 118:116 (продолжение), Чикаго – Далас 83:105, Хјустон – Њу Орлеанс 107:98, Мемефис – Денвер 120:99, Милвоки – Минесота 95:117, Феникс – Филаделфија 115:101, Портланд – Мајами 107:108 и ЛА Клиперс – Јута 98:90.
Вечерва играат: Кливленд – Голден Стејт, Орландо – Атланта, Оклахома Хјустон, Сан Антонио – Сакраменто и ЛА Лејкерс – Филаделфија.
Пласман Источна конференција: Индијана 24-5 (победи-порази), Мајами 23-7, Атланта 17-13, Вашингтон 13-14, Торонто 13-15, Шарлот 14-17, Детроит 14-18, Бостон 13-17,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 24-5 (победи-порази), Портланд 24-6, Сан Антонио 23-7, ЛА Клипрес 21-11, Хјустон 21-11, Феникс 18-11, Голден Стејт 18-13, Далас 17-13,


