Мартин О’Нил ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Република Ирска, јавуваат медиумите во оваа земја.
О’Нил на клупата на Ирците доаѓа на местото на италијанскиот стручњак Џовани Трапатони со кого ирската репрезентација квалификациите за СП 2014 ги заврши на 4.место и не успеа да обезбеди пласман на Мундијалот во Бразил.
Шеесет и едногодишниот О’Нил во својата кариера предводел повеќе екипи од Велика Британија меѓу кои и премиерлигашите Лестер, Астон Вила, како и повеќекратниот шкотски шампион Селтик.
Според неофицијалните информации прв помошник на О’Нил ќе му биде прославениот ирски репрезентативец Рој Кин.


