Опозициската ВМРО ДПМНЕ

Македонија влегува во нов политички процес и историски период од своето постоење. Нема сомнение дека 11 годишното неприкосновено владеење на Никола Груевски и на ВМРО ДПМНЕ под негова палка, се ближи кон својот крај. Овој период од поновата историја на македонската независна држава е еден од најинтензивните и најтурбулентните. По независноста од СФРЈ во 1991, воената криза во 2001, груевизмот е период кој ќе биде веројатно најмногу проучуван од историчарите , но и општествено-социолошките истражувања кои се занимаваат со проучување на патологија на духот и на моралот.

Иако уште не е извесна докрај детронизацијата на Груевски, процесот е неминовен, па макар тој не се случил токму сега и веднаш. Но, освен олеснувањето што го почуствуваа многумина по соопштувањето на веста дека се договориле за ново мнозинство без ДПМНЕ, и на моменти неконтролираната еуфорија, уште веднаш и сега мора да имаме на ум дека не е готово, туку допрва почнува.

ВМРО ДПМНЕ  е незгоден политички играч не само кога е на власт, туку и во опозиција. Тие работат војнички, строго партизирано и централизирано и во оваа партија, во било која ситуација, власт или опозиција, нема простор за демократски провејувања. Уште помалку, јавни несогласувања или дискусии по социјални мрежи дали треба вака или онака. Во ВМРО ДПМНЕ устројството е строго контролирано и таму владее железна партиска дисциплина. Се разбира, на моменти таа попушта, но само кога ќе се здрма лидерската позиција. Во други ситуации, нема шанса некој да му се спротистави на лидерот.

Дали сега тоа ќе се случи со Никола Груевски, останува да се види, но факт е дека штом тој ќе ги изгуби полугите на власт од свои раце, како што се управување со сите државни институции-полиција,судство,финансии, и послушноста ќе спласне. Нема веќе со што да ги уценува административците, да им се заканува со отпуштање, или да поткупува, да заплашува, да казнува бизнисмени, медиуми и слично.

Но, исто така губењето на моќта значи и губење на контрола во судството, што е од исклучителна важност за расчистување на сомнежите за криминал во ВМРО ДПМНЕ, кои ги има во изобилство. И не само таму.

Колумната Емилија Лазаревска во целост на АКО.мк

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести