Oрганизаторката на ТВ серијалот „Куќа од срце“ загина во сообраќајна незгода: Нејзината работа на бројни семејства им донесе радост и среќа

Во сообраќајната незгода на камион и камионет што се случила вчера близу селото Лаѓевци на Ибарската магистрала тешко повредени беа две лица, од кои едното починало.

Се претпоставува дека несреќата се случила кога камион „сканија“ на пат кон Краљево, налетал на камион „фиат“ со белградска регистрација, во кој бил дел од екипата на познатата ТВ серија „Куќа на срцата“ чиј што возач се обидел да се приклучи од спореден пат.

Возачот се уште е во животна опасност, а во незгодата загинала организаторката на шоуто, Јасмина М. (47).

Јасмина зад себе остави многу добри дела направени за семејства на кои несебично им помагаше, на кои со помош на тимот им даде покрив над главата и им обезбеди подобра иднина. Семејствата со насмеани лица ги поздравуваа нејзините хумани гестови, а сега жалат за личноста која, според поранешниот сопруг на Јасмина, го оставила срцето и секој слободен момент на теренот, за оние на кои им е најпотребно.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести