Оризопроизводителите утре ќе го блокираат патот Кочани-Штип

Незадоволни од состојбата со откупот на оризова арпа и бел ориз, оризопроизводителите од кочанско утре точно напладне ќе го блокираат патниот правец Кочани- Штип во село Облешево. Бараат министерството за земјоделство да преземе мерки за надминување на катастрофалната состојба со откупот на ориз и оризова арпа.

Од Здружението на оризопроизводителите „Бело зрно“ тврдат дека лошата состојба со откупот на производството е резултат на нерегуларната откупна цена на оризовата арпа, незаинтересираноста на институциите за овој производ  и немањето интерес за откуп на ланската реколта од страна на фабриките за преработка и откуп на оризова арпа и бел ориз.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести