Иако настапи без четворица стандардни кошаркари, тимот на Сан Антонио беше убедлив во ноќешниот дуел со Милвоки и победи со 110:82. Тренерот на домаќините не можеше да смета на Тони Паркер, Тијаго Сплитер, Дени Грин и Мет Бонер, сепак тоа не му пречеше да го предводи Сан Антонио до 32.сезонска победа.
Резултати на другите четири натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата: Торонто – ЛА Лејкерс 106:112, Орландо – Бостон 93:91, Оклахома – Сакраменто 108:93 и Феникс – Денвер 117:103.
Вечерва играат: Кливленд – Далас, Детроит – ЛА Клиперс, Шарлот – Торонто, Вашингтон – Филаделфија, Њујорк – Бруклин, Мемфис – Њу Орлеанс, Атланта – Мајами, Чикаго – ЛА Лејкерс, Хјустон – Портланд и Голден Стејт – Индијана.
Пласман Источна конференција: Индијана 32-7 (победи-порази), Мајами 29-11, Торонто 20-19, Атланта 20-19, Вашингтон 19-20, Чикаго 19-20, Детроит 17-23, Бруклин 16-22,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 32-9 (победи-порази), Портланд 31-9, Оклахома 31-10, ЛА Клиперс 28-14, Хјустон 27-15, Голден Стејт 26-16, Феникс 23-17, Далас 24-18,
]]>


