Отворено писмо до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА и другите парламентарни партии

После 26 години од самостојноста можеме да заклучиме дека на оваа земја и се потребни два столба ,еден оној на извршната власт и еден контролен механизам на извршната власт да би се избегнале дубиозите од препартизацијата во која еве 25 години запаѓаме.

 

Време е заради нашата иднина и иднината на нашите деца да го заборавиме дека несмее да биде ексклузива -едниствениот столб(имагинарен и со лоши резултати) оној создаван врз база на размислите на партискиот лидер и неколкуте мина околу него. По резултатите и катастрофата што ја доживеевме во овие 25 години време е да станеме рационални патриоти без разлика на партиска и идеолошка припадност Време е оваа земја со напори и со огромна работа да ја зачлениме во НАТО и Европската Унија до 2020 година.

Време да ги заборавиме нашите субјективни ,себични и неодговорни идеи за раководење на оваа земја.

Време е за право лидерство на сите нас кон подобра иднина на оваа земја. Да ја направиме оваа земја економски перспективна потребно е да вградиме одредени механизми за незино управување и напредок .Пред се би морале тоа да го отпочнема заради тоа што сме сиромашка и безресурска земја која се иселува.

Време е барем да го направиме тоа што е во нашата моќ ,а ова сето го можеме ,заедно и со добра воља и мотиви- Мал мој предлог до овој или некаков следен Парламентарен состав.

1.Претседателот на Земјата да се избира во Парламентот,

2.Потпредседател на државата одговорен за Правни прашања,се избира од националностите ,на нивен предлог во согласност со другите партии во парламентот.-Предложена листа од 4 кандидати*Народен Правобранител се избира на негов предлог после парламентарни избори и да е предлог на парламентарната опозиција со согласност на позицијата-Предложена листа од 4 кандидати.

2.Претседателот да наименува членови на

1.Уставниот Суд,

2.Анти-Корупциската комисија

3.Јавен Обвинител на Македонија

4.Шеф на Генералштаб на Македонската армија

5.Директор на Финансиската Полиција и Агенцијата за Перење на Пари Механизми за контрола на трошење на парите на Извршната власт

6.Директор на Македонското Надворешно Разузнување кое би се реорганизирало соединило со Ј-2 воената служба на МО

1.Воен дел за потребите на АРМ и НАТО-Ј-2 Физички раздвоен со –

2.Цивилен дел за потребите на МНР ,Влада,Парламент,Претседател- Заменик Директор на цивилниот дел наименуван од Влада.

3.Под Министерството за Правда

А.Биро за Истрага и Организиран криминал *Заменик директор предложен од Парламентарната Опозиција

Б. Би била поделена на- 1.Обезбедување на ВИП 2.Контратероризам 3. Оделот за Организиран Криминал Организираниот Криминал –Заменик директор предложен од Парламентарната Опозиција

4.Основното јавно Обвинителство би имало и полицајци за специјални истражни дејства од интерес на Јавното Обвинителство.Полиција на Јавното Обвинителство и Истражни дејствија

5.Министерството за Внатрешни работи би било Министерство за Јавна Безбедност

1.Сообраќања полиција

2.Јавна Безбедност

3.Недозволена Трговија ,со закон забранети средства ,дрога,оружје…

4.Гранична Полиција

Без нов почеток и реорганизирање на овие институции ,а со закон донесен во парламент,оваа и ваквите ситуации како последната денес ќе претставуваат закана секогаш за нашата демократија се до оној момент кога буџетот е најголем работодавач во земјата,а извор на корупција на партиите и лидерите. Без ваков контролен механизам секаква демократија е НЕВОЗМОЖНА во

Борбата за Македонија ,слободата и демократијата,продолжува

Даме Чкатроски

Најнови вести

Најново од Ракурс