Ова се најважните обичаи за ВЕЛИГДЕН – Еве кога се оди во кревет, кое месо не се јаде и што треба секој да прави за здравје

Велигден е еден од најголемите христијански празници со кој се слави победата на животот над смртта и воскресението на Господ Исус Христос. Велигден паѓа на подвижни празници и никогаш не може да биде пред 4 април и по 8 мај.

Годинава Велигден го славиме на 20 април.

На овој голем празник му претходи најдолгиот и најстрог пост – Велигденскиот пост.

Покрај постот, обичаите налагаат и традиционалното боење на јајцата пред се во црвено, а одвојување на јајце-чувар на куќата – црвено јајце кое се чува во куќата во текот на целата година за напредок и доброто на домаќинството.

Јајцата обоени во црвено ја симболизираат невино пролеаната крв на Исус Христос.

Велигденски обичаи

Велигденското утро обичај е домаќините да се поздравуваат со „Христос воскресе“ и да се збогуваат со „Вастину васкарсе“. Велигденскиот појадок започнува со јајца и сол.

Во некои краишта, домаќините се мијат со вода во која преноќиле јајцето чувар на куќата, дрен, босилек и билката здравец, бидејќи се верувало дека тоа ќе донесе здравје на целото семејство.

Во утринските часови се оди на велигденска литургија, а домаќинките треба да донесат јајца во црквата.

Добро познат обичај е чукање со јајца, каде прво се удара врв на врв, а потоа долниот дел на јајцето. Оној кој што скршил туѓото јајце го зема кај себе.

Еден постар обичај налагал да не се јаде јагнешко – ако Велигден падне пред Ѓурѓовден. Исто така, еден од обичаите налага да не се спие пред полноќ на Велигден, бидејќи до следниот Велигден човекот ќе биде поспан и мрзелив.

Обичајот за Велигден налага и богата велигденска трпеза, и незаменливата велигденска погача.

Најчитани вести