Патување без збогум

Во една иста ваква ноќ, во подрумскиот дел на Трговскиот центар, во агонијата на својата беспомошност и чувството на отфрленост, почина безимен бездомник. Замина од овој свет, понесувајќи го со себе само непреболот што не имал и гневот насобран во него, од сознанието за нашето безчуствие.
Замина изнемоштен, напуштен, премрзнат и гладен. Се збогува со животот, отфрлен, во епицентарот на престолниот град. На дофат од на премалените дланки му беа Парламентот, Црвениот крст, Владата, Соборниот храм и седиштето на Светиот архиерејски синод, десетина банкарски сефови, педесетина ресторани, бистроа и слаткарници, Градската болница, хуманитарни организации и сите ние покрај него, слепи за туѓата болка.
Минатата ноќ бездомник почина во ,,култната општина,,- Аеродром, , зашеметен од блесокот на аква паркови, авении, пешачки патеки, блескави реклами, споменици и фонтани, модерни трговски центри, ноќни клубови, цркви и крст извишен до небо и многу безбожници околу него.
Со него го понесе бигорот на очајот од сознанието дека бил отфрлен, осамен, заборавен. Сам меѓу илјадници!
Пред да не совлада сонот на личната блаженост, барем да се обидеме на бездомниот, на човекот без адреса,да му го здогледате грчот на образите. Кколку е тој и болен и гневен кога на последното патување, за збогување, никој не му го допира челото.

Бошко Нацевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести