Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луге кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра.
Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот.миховски планира од својот пчлеларник да направи атракција каде што секој добронамерник на лице место ке може да го апстрахира матичниот млеч.
Овој триесетгодишен земјоделски инжинер е еден од сеумте млади луге од штипско кои сакаат да започнат земјоделски бизнис. Во наредниот период МИховски планира да го зголеми бројот на пчелни семејства, органското пчеларење да стане нивниб семеен бизнис.
Видео на следниот линк
Извор: Алфа ТВ
Пчелин отров како лек против болки
Пчелиниот отров претставува спој на повеќе протеини и аминокиселини кои на организмот делуваат антиинфламаторно, а чувството на болка во градите го намалува за 75% и го подига имунитетот.
Инјекцијата која содржи пчелин отров ги олеснува хроничните болки во градите и нозете, откри студијата направена на Универзитетот во Северна Каролина.
Исто така отровот од пчелите се употребува и во лекувањето на болните зглобови, па затоа научниците веруваат дека би можел да биде многу корисен во лекувањето артритис.
Пчелиниот отров е горчлива безбојна течност која се состои од мешавина на протеини, а делува како средство против згрутчување на крвта и ги намалува воспаленијата.
Речиси еден процент од луѓето се алергични од убодот на пчела, а научниците сметаат дека по детални истражувања би можеле да се намалат бројните болести и да се зголеми целокупниот имунитет на организмот.


