Пена на Лавот!

Премиерите, не само овој нашиот несреќник, обожаваат да ги посетуваат луѓето и пределите што ги унесреќиле со своите политики. На луѓето што ги дават во реките од бронзи, очила и палми, да им подадат рака ако давениците ветат дека ќе гласат за нив.

Ништо не е попродуктивно за хохштаплерите во политиката од несреќата на луѓето за кои се одговорни! Дури и палмите се покажуваат како визионерска промисла на Големиот водач: тие се тука за да има народот кај да се качи кога ќе надојде водата или кога ќе се излее канализацијата!

Не мислам дека нам ни останува само да си испраќаме сочувства! Сите жалиме за унесреќените. Сите сме со тагата на нивните најблиски. Секој е слободен да си го бара спасот во Господ.

Но Господ е апелација до која не можеме да дојдеме ако не ги поминеме сите земни инстанци. Ако Лавот Пена не фати или ако Пена не го фати Лавот!

фејсбук статус на Бранко Тричкоски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести