Пепе Мел нов тренер на ВБА

Премиерлигашот Вест Бромвич Албион за кој настапува македонскиот интернационалец Горан Попов го именува Пепе Мел за нов менаџер.

Како што јавуваат англиските медиуми шпанскиот стручњак и ВБА договориле соработка во следните 18 месеци.

Мел тренерската позиција ја презема од Кејт Даунинг кој привремено ја водеше екипата на пет средби.

50-годишниот шпански тренер работел во повеќе клубови во својата земја, а последниот ангажман го имаше во Бетис, клуб од кој доби отказ во декември 2013 година.

ВБА во моментов е на 14.место на табелата во Премиер лигата со 21 бод, четири повеќе од Кристал Палас кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

]]>

Најчитани вести