Пирели останува во Ф1 до 2016

Заврши неизвесноста околу снабдувачот на Формула 1 караванот со гуми во следните неколку сезони. Италијанската компанија „Пирели“ го продолжи договорот со Ф1 до 2016 година.

И од „Пирели“ и од Ф1 при потпишувањето на новиот договор изразија надеж дека нема да се повторат проблемите од минатите две сезони.

Неофицијално, ќе има промена во начинот на тестирање и снабдување со пневматици, а новините се однесуваат пред се на дозволените тестирања во текот на сезоната.

Минатите две сезони се појавија проблеми со гумите во неколку наврати, а тоа посебно се однесува за 2013 година кога се случија низа експлодирања на гумите без разлика дали се наоѓаа во предниот или задниот дел на болидите.

Тимовите апелираа до „Пирели“ да го подобри односот и соработката со нив и да им прифати барем дел од нивните сугестии.

]]>

Најчитани вести