Пишман ли е Иванов?

Кога е Иванов во прашање се е можно, и Устав да прекрши и криминалци со аболиција да ги заштити и да за викенд си отиде во Азербејџан, да го напушти работното место а заменик нема.

Каква неодговорност, со што ли Грујо го задолжи, дали со далечинскиот управувач преку Маја го командува или пак добро финансиски го поткрепил, или пак од инает го прави ова, оти нели цело време сите го напаѓаат и Уставни судии и опозиција и интелектуалци, и невладини организации и Меѓународна заедница.

Но палавиот Иванов полека се осетил дека е сам и дека премногу отишол далеку, не ги предвидел правните последици за кои кривично се одговара, па сега се пишманил ама не знаел како да постапи и како да се извади.

Дали го чека моментот или шансата со доаѓањето на Хан во Вторник да потклекне и да по вторпат се покае и да се извади од калта.

Човекот е гроги, запаѓа од грешка во грешка и треба да му се помогне оти премногу залута.

-Каков ли Претседател имаме!?

 

Бранко Шемов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести