Отворено писмо од Димче Стојановски до министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
„До г-дин Митко Чавков, министер за МВР на РМ,
Почитуван г-не Чавков, Ве молам како министер на ресорното министерство, а немајќи поинаков начин да стигнам до Вас, да ми одговирите на неколку прашања.
Во последниот конкурс на МВР објавен во јули месец оваа година се бараа 600 кандидати за работно место полицаец со одредени карактеристики и особини пропишани со постоечките закони на РМ, кои важеа и за претходните конкурси. Од досега објавените конкурси на МВР или вкупно четири со средно образование и претходниот конкурс за кандидати со високо образование мојот син учествуваше на сите конкурси. Иако на првиот и вториот конкурс постигна завидни резултати од физичките тестови, а потоа и на останатите тестови и интервјуата, понатаму не беше повикан без образложение.
На третиот конкурс за кандидат за припадник на полицијата за волја на вистината се откажа од лични причини. На конкурсот за кандидати од разни профили со високо образование исто така ги помина успешно сите тестови и интервјуто каде влезе во најтесниот круг за избор и повторно не беше повикан. На неговиот приговор му беше одговорено дека не ги исполнува критериумите пропишани со конкурсот.
На последниот конкурс исто така ги помина сите тестови вклучувајќи го и интервјуто, а како по обичај повторно не беше повикан.
Не сакајќи да ги доведувам во прашаwе постапките на комисиите при изборот на кандидатите (во нивната стручност и компетентност воопшто не се сомневам) ми се наметнува една дилема изразена во прашање. Ви сите досегашни објавени и распишани конкурси за околу 2.000 работни места во МВР, кандидатот, т.е. мојот син не ги исполнил ниту еднаш критериумите?
За несреќата да биде поголема се работи за кандидат со завршен Факултет за безбедност Скопје т.е. дипломиран криминалист.
Искрено се надевам дека ќе најдете време ова да го прочитате имајќи предвид дека сте презафатени да ми одговорите кои критериуми не ги исполнува кандидатот. Доколку не сте во можност би сакал некој од Вашиот кабинет тоа да го направи.“
Со почит,
Димче Стојановски, Битола


