ПИСМО: Црно ни се пише и нас и на цело „Фени“, не веруваме дека ќе ја дочека Новата година

Ногу ви се молиме, ни треба вашата подршка пред да биде прекасно за сите нас и за цело Фени и пред да останиме на улица . Ви се обрќаме со голема молба да го објавите нашиот допис оти немаме друг начин да се чуе нашиот глас .

Ние сме отпуштени работници од Фени индустрија со 10 , 20 и 30 год стаж и повеќето сме по 50 год старост кога сме далеку од пензија а стари за да не вработи друга фирма. После тешки години криза и маловерзации што не ги разбираме старо новите газди обеќаа дека се моќни и богати и дека проблемите ќе станат минато , но уствари од лани до сега работите стануват полоши и неподносливи за чесниот работик . Платите ни се намалуваат секој месец , не бркат од работа без никакви правила , ако не му се свиѓаш на шефот одма си на листа за бркање , ако се побуниш одма си на листата .Новите газди место да ги исполнат обеќањта ја носат фирмата во пропаст секој ден , распродават се што има некаква вредност само да се допре до кеш , а на никој ништо не му плаќат , на сите му обеќат пари после Нова година , па дури и нас што останаме без корка леб а треба да ни исплатат отпремнина , ќе ни плателе после Нова година , исто како што му се обеќа и на камионџиите и на набавувачите , а уствари сите знаат дека фирата оде во пропаст и вештачки се одржава во работа до изборите , највероватно во договор со министерот Чавков и локалните бизнис шерифи кој сега се набавувачи на руда. Нас не бркат , синдикатот е безгласна буква после големата кражба на претходниот председател , ни не прашал ни ни понудил помош а цел живот сме плаќале синдикална чланарина . Нашите локални директори се тепат по кафаните у Кавадарци (што се нивна сопственост) за поголема влас и пари а за нас не му е гајле . Фирмата има пари за кошарки и разноразни натпревари а нас ни целиот стаж у Фени не ни го признават . Црно ни се пише и нас и на цело Фени што некогаш беше една од најдобрите фирми , не веруваме дека ќе ја дочека Новата година а со тоа ќе останиме сите и без работа и без пари ама и цело Кавадарци ќе се зацрне затоа што му се долже на сите фирми на сите камионџии и тоа тешки милјони се во прашање а сите веруваме у убавите прикаски и сме заглавении у кредити . Редно е веќе медиумите и институциите да обратат внимание на криминалот и работничките неправди што се случуват секојдневно во Фени пред да биде прекасно за сите нас .

Група отпуштени работници од Фени .

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести