Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини очекува претстојниот избор за најдобар фудбалер во 2013 година да биде најтежок досега.
Французинот потенцира дека Светската фудбалска организација (ФИФА) случајно или не го продолжи рокот за гласање за Златната топка дента кога Роналдо постигна хет-трик во бараж дуелот на неговата репрезентација со Шведска и обезбеди пласман на Португалија на Светското првенство.
– Можеби ФИФА сакала со таа одлука нешто да му исполни на Роналдо, изјави Платини.
Французинот не кажа кој е негов фаворит за престижната награда, но потсети на 2010 кога победи Меси, а според Платини, Златната топка требало да ја освои некој шпански репрезентативец.
– Се прашувам зошто не се случи тоа. Мислам дека трофејот требаше да го добие некој од селекцијата која го освои Мундијалот. Наградата ја доби Меси кој е шампион над шампионите, но сепак таа година требаше наградата да ја добие шпански фудбалер, Чави, Иниеста…..рече првиот човек на УЕФА.


