ПМФЛ: Пелистер сам на врвот

Екипата на Пелистер го совлада Гостивар со 1:0 и се искачи на лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани ќе бидат први барем неколку часа, а дали ќе останат на врвот на табелата ќе зависи од резултатот на дербито Вардар – Металург (почеток 17 часот).

Лидерот до ова 16.коло, тимот на Работнички одигра само 1:1 на гостински терен против Ренова.

Освен во Битола и Тетово, прволигашки фудбал се играше уште на три стадиони во државата.

Шкеднија со нов тренер не успеа да победи во Кичево. Конечниот резултат на средбата Напредок – Шкендија е 0:0.

Македонија ЃП ја постигна најубедливата победа попладнево совладувајќи ја Брегалница на свој терен со со 3:0.

Најголемиот скок на табелата по оваа рунда го направи Турново по гостинската победа над Еуромилк со 2:0. Фудбалерите предводени од тренерот Гоце Седловски се пробија на второто место.

Табела: Пелистер 30 бодови, Турново 28, Работнички 28, Вардар 27, Металург 26, Ренова 24, Еуромилк 21, Брегалница 21, Шкендија 21, Македонија ЃП 16, Напредок 13 и Гостивар 11.

Најчитани вести