По стапките на заветите и аманетите

Маршот закажан за 11 0ктомври, нека биде налик на оној, хероичен, Февруарски, или Богомилски поход од 1943-та, показ, колку силно се сака слободата и татковината. Ние и денес го имаме тој предизвик – поход за демонтажа на една брутална власт, на еден ненароден криминоген режим. Непријателот на овој народ е со препознатлив знак. Нема компромиси, нема промашувања. Во вторник, да се гази со ист чекор како храбреците од слободовесните и победоносните маршеви. По асфалтот на денешните булевари, полесно се стигнува до целта, отколку по планинските беспатја, босоноги и изгладнети во снеговите од Кожув, преку Пелистер до Леринско. Зарем ние не сме нивните потомци и секако не ги заборавивме заветните аманети – слободата и Татковината над се! Сите здушно, по стапките на заветите и аманетите на претците и надежите на потомците.Заедно редум и јас со вас со моите седумдесет и седум.

Фејсбук статус на Бошко Нацевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести