Победа на Индијана, порази за Сан Антонио и Портланд

Водечките екипи во двете конференции во НБА лигата на ноќешните дуели настапија со променлив исход. Тимот со најдобар скор Индијана (лидер и на Исток) победи на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 104:92.

За разлика од Индијана екипите од врвот на Западната конференција, Сан Антонио и Портланд го претрпеа и вториот пораз по ред. Сан Антонио загуби на гостувањето кај Хјустон со 97:90, додека Портланд дома беше поразен од Мемфис со 81:98.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Њу Орлеанс 89:100, Детроит – Орландо 103:87, Њујорк – Бостон 114:88 и Голден Стејт – Вашингтон 85:88.

Вечерва се играат 11 натпревари: Мајами – Оклахома Сити, Торонто – Орландо, Атланта – Детроит, Бостон – Филаделфија, Милвоки – Феникс, Минесота – Њу Орлеанс, Далас – Хјустон, Денвер – Шарлот, Сан Антонио – Чикаго, Сакраменто – Мемфис и ЛА Клиперс – Вашингтон.

Пласман Источна конференција: Индијана 35-9 (победи – порази), Мајами 32-12, Торонто 23-21, Атланта 23-21, Вашингтон 22-22, Чикаго 22-22, Бруклин 20-23, Шарлот 19-27,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 36-10, Сан Антонио 33-12, Портланд 33-13, ЛА Клиперс 32-15, Хјустон 30-17, Феникс 26-18, Голден Стејт 27-19, Далас 26-20,…

]]>

Најчитани вести