Победата на македонските фудбалери се слави на плоштадот во Скопје

Илјадници љубители на фудбалот се на плоштадот „Македонија“ во македонската метропола каде ја слават големата победа над Италија остварена вечерва во Палермо со 1:0.

Македонските фудбалери во полуфионалето на баражот за Светското првенство приредија сензација со триумфот над европскиот првак и тоа на негов терен.

Победничкиот гол на Александар Трајковски предизвика овации насекаде низ државата, а по завршувањето на мечот колона возила со вклучени сирени се упатија кон ценатрот на Скопје каде владее победничката атмосфера со песни и факели. 

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести