Почна откупот на тутун во „Далија табак“ во Делчево

Компанијата „Далија -табак„ во Делчево со задоцнување од 20 дена го започна откупот на тутун од минатогодишната реколта.

Тутунопроизводителите се известени дека поради технички проблеми „Далија -табак„ не била во можност да отпочне со откупот на 15 декември 2014 година, но дека сега има обезбедено просторни и кадровски услови и откупот ќе се врши по изготвениот распоред.
И тутунопроизводителите и откупувачите не се задоволни од квалитетот на тутунот, а со самото тоа и од откупните цени кои се поделени во четири категории. Тутунот од прва категорија се откупува по 260 денари за килограм, од втора за 189 денари, за трета 130 денари и за четврта 80 денари.
Откупениот тутун се исплаќа 30 дена од денот на извршената проценка, а „Далија-табак„ има обезбедено финансиски средства за таа цел.
– Предадовме 350 килограми, но не сме задоволни од откупната цена, ни изјави Ратка Стојмирова, тутунопроизводителка од Делчево, која егзистенцијата на семејството ја обезбедува од производство на тутун.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести