Погоди шут за 100 илјади евра

Еден среќен гледач присутен на „Ол Стар“ натпреварот во француската кошаркарска лига имаше успешен обид за постигнување кош од половина терен, а за прецизноста доби чек од 100 илјади евра.

Томас Беро беше избран да го изведе тој обид, а по погодокот први честитки стигнаа од играчите од двете екипи и настана огромна радост во салата.

Веднаш потоа спонзорот „Најк“ на Беро му го додели чекот со освоената сума.

– Поради целата гужва не стигнав да го видам крајот на натпреварот. Ќе барам да ми бидат вратени парите за билетот се пошегува среќниот добитник на вредната награда.

Најчитани вести