Ракометарите на Полска со победата над Шведска остануваат во игра за втората позиција на табелата во групата 2, а со тоа и за пласман во полуфиналето на Европското првенство што се одржува во Данска. Полска во последниот денешен натпревар од 2.коло во четврт-финалната група 2, славеа убедлива победа против Шведска со 35:25.
Со двата освоени бодови и вкупно шест Полјаците се израмнија со Хрватска која денеска ја победи Русија со 33:25, па така утрешниот натпревар на овие две селекции директно ќе решава за пласман во полуфиналето, во кое денеска се пласира Франција со победата над Белорусија со 39:30.
Табела: Франција 8 бодови, Хрватска 6, Полска 6, Шведска 4, Русија 0 и Белорусија 0 .
]]>


